
Со задоволство сакаме да ви го најавиме почетокот на првата онлајн продавница за мажи во Македонија, Fridayshop.mk. Продавница во која мажите ќе може со леснотија да купуваат различни производи од повеќе категории како што се гардероба, аксесоари, часовници, чевли и уште голем број на продукти кои му се потебни на еден модерен господин.
Но ништо од ова немаше да го направиме да не беа нашите соработници кои ни овозможија на македонските мажи да им понудиме едно поинакво шопинг искуство.
Затоа сакаме да им се заблагодариме на Божиновски часовници и накит, Quick Sox, мултибренд продавницата City Fashion, Орбико, Ars Lamina и literatura.mk, Signori, LGA Style & Luxury итн. Во заедничка соработка на нашата онлајн продавница ќе може да најдете производи од високо клвалитетни светски брендови.
Благодариме за довербата за да им понудиме на мажите кај нас нешто што досега го немаше.