
Денеска ќе се позанимаваме со најважните 4 модни парчиња кои еден маж треба да ги има доколку сака да остави силен прв впечаток. Многу е важен впечатокот кој еден маж ќе го остави, без разлика дали станува збор за деловен состанок, состанок со некоја девојка или било која друга активност.
Скроен костум по мерка
Ако имате добар повод, зошто да не облечете некој костум кој ќе биде направен само по ваша мерка. На овој начин ќе искажете една навистина доминантна појава.
Квалитетен часовник – CALVIN KLEIN STEADFAST
Ниту една модна комбинација не може да биде целосно погодена без потребните и соодветни модни детали. Часовниците не се користат толку како порано за да покажуваат време, тие денеска се моден додаток без кој не смеете да излезете од дома. Нешто повеќе за овој часовник на следниот линк.
Квалитетни чевли
Секогаш еден од главните приоритети кога правите некоја модна комбинација, нека ви бидат обувките. Чевлите се огледало на вашиот стил. Изберете чевли кои се софистицирани и елегантни. Нашиот избор е кафени дерби чевли кои можете да ги купите на следниот линк.
Чорапи
Тие се многу важен моден детал кој некогаш не го приметуваме. Чорапите се едни од најсновните парчиња на долна облека. Покрај фактот дека никој не заборава да облече чорапи наутро, зошто да не ги носиме и чорапите со стил. За избор на чорапи, посети го следниот линк.