ЧПП - ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

За да нарачате производ треба да бидете претходно регистрирани и најавени на fridayshop.mk. Нарачки за производи се примаат 24 часа секој ден, во согласност со условите и правилата на Fridayshop.mk. Испорачувањето на нарачките се врши во рамки на работното време на 09.00 – 17.00 Сите испораки се вршат само во градови и населени места во Р.Македонија.

Fridayshop.mk е секогаш отворен за нови предлози или забелешки кои би придонеле да се подобрат и унапредат услугите кои ги нудиме, како и начинот на кој се користи оваа е-продавница со цел да се зголеми задоволството кај купувачите. Затоа, вашите идеи, предлози или критики можете да ги испратите на support@fridayshop.mk.

Наплатата на производ може да се оствари sо следните платежни картички од сите банки: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер Стопанска Банка.

Секоја платежна трансакција на fridayshop.mk се одвива преку сигурносниот систем на Стопанска Банка и нивната безбедна и енкриптирана веб страна за наплата, која е поддржана од FirstData, една од најголемите и најуспешни компании за обезбедување картични трансакции преку интернет. Целиот процес се одвива според сите светски стандарди за интернет наплата со највисоко ниво на сигурност и доверливост.

За било каква забелешка или рекламација во врска со испорачаните производи можете да не исконтактирате на телефонскиот број 070/234-420 или преку e-mail на: support@fridayshop.mk. Враќањето на производите или средствата се врши според веќе утврдената политика на испорака и условите/правилата на користење.

Не, ние немаме продавница. Нашите производи се достапни исклучиво онлајн.

Во моментот кога успешно ќе ја завршите процедурата за правење на нарачка, на вашата е-маил адреса која сте ја оставиле при правењето на нарачката, ќе пристигне автоматска потврда од нашиот систем дека нарачката е успешно направена и примена.

Да, мора да се регистрирате за да направите нарачка, регистрацијата е потребна само првиот пат кога ќе купувате производ, потоа следен пат кога ќе правите нарачка потребно е само да се најавите, преку вашата е-маил адреса која сте ја оставиле при регистрација.

Секако. Во таков случај кога ќе ја правите нарачката треба да ги наведете податоците за лицето на кое треба да се изврши испораката и истото ќе ја прими.

Во ваква ситуација, можно е да има неколку проблеми како невалидна или погрешно внесена е-маил адреса, неуспешно целосно правење на нарачката и слично. При ваков случај, обидете се повторно да ја направите нарачката до самиот крај и доколку повторно не добиете известување за успешно направена нарачка на e-mail адресата која ја оставате при правење на нарачката, ве молиме контактирајте не на support@fridayshop.mk или по телефон на 070/234-420 со цел што побрзо да ви излеземе во пресрет успешно да ја направите вашата нарачка.

Интернет продавницата fridayshop.mk, во согласност со прописите за заштита на личните податоци, обезбедува тајност и заштита на личните податоци од корисниците кои се регистрираат на веб страната или ги оставаат своите податоци при правење на нарачката и ги користи исклучиво за интерна употреба. Овие податоци не се достапни до трети лица. Тие не се продаваат, споделуваат или изнајмуваат на трети лица во било каков облик. Со цел соодветна заштита на личните податоци на своите корисници, fridayshop.mk има своја Политика за приватност која утврдува како се третираат податоците на корисниците.

Не, системот функционира на принцип на онлајн регистрирање на направените нарачки со сите потребни детали за нивно доставување, од тие причини нарачките може да се направат единствено преку модулот за нарачки на интернет продавницата. Преку телефон 070/234-420 можете да добиете само информации доколку ви се потребни за одреден производ или за било какви други информации поврзани со fridayshop.mk.

Секако. Доколку станува збор за испорака во Скопје, во таков случај ве замолуваме да не контактирате на е-маил на support@fridayshop.mk или на телефон на 070/234-420 со цел производот да ви го испорачаме на адреса на која ќе може да го примите. Доколку станува збор за испорака во друг град, местото и времето на испораката ќе може да го договорите со курирот од службата за достава кој ќе ве контактира за истата.

Fridayshop.mk се труди описот на производите кои ги продава на својата интернет страница да биде што е можно подетален, со цел нашите корисници полесно да ги дознаат сите нивни карактеристики. Сепак, доколку сметате дека одреден производ не одговара на неговиот опис, истиот може да ни го вратите во рок од најмногу 5 дена од неговиот прием, заедно со добиената фактура/сметка за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе ви го вратиме износот којшто сте го платиле за производот (без износот за вклучена достава доколку таква имало) или во договор со вас, ќе го замениме со друг/и производи во иста вредност.

Доколку од било која причина производот што сте го добиле е оштетен, истиот може да ни го вратите во рок од најмногу 7 дена од неговиот прием, заедно со добиената фактура/сметка за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба – онаков како што сте го добиле, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе ви го вратиме износот којшто сте го платиле за производот (без износот за вклучена достава доколку таква имало) или во договор со вас, ќе го замениме со друг/и производи во иста вредност.

Принципот на кој работи нашата онлајн продавница е плаќање преку картичка, но доколку не можете во тој момент да платите на тој начин, известете не на телефонскиот број 070/234-420 или испратете ни меил на support@fridayshop.mk и ќе може да се направи нарачката со плаќање при пристигнување на производот.

Влез на сметка

Веќе постоечки корисник ?

Невалидна е-маил адреса.

6 или повеќе карактери , букви и бројки. Мора да користи најмалку 1 бројка.

Вашите информации нема да бидат споделени со трето лице.