Блог објава

Доколку вашата брада е ретка, односно потребно и е многу време за да зарасне, ние најдовме решение кое ќе ви биде од голема корист.

Брадата е телесен облик кој ги разликува мажите од жените и таа не прави возрасни, силни и доволно зрели. Поради овие факти, мажите сакаат да носат долга брада со која се восхитуваат. Меѓутоа, одреден дел на мажите имаат проблем, бидејќи брадата им расте споро и не е доволно силна и густа.

Затоа, ние ви предложуваме неколку совети кои ќе ви помогнат во оваа невожмозна мисија, со цел да имате погуста и прекрасна брада.

Здрава исхрана

Намирници кои содржат доволно витамини и минерали, имаат големо влијание врз растот на брадата, како и на нејзиниот квалитет. Доколку ја подобрите вашата исхрана, вие ќе имате поголема брада.

Тренинг

За пораст на влакната кај мажите, најзаслужен е тестастеронот. Овој хормон природно се лачи за време на тренинзите, па затоа ако тренирате секојдневно, вашата брада ќе биде погуста и влакната ќе растат многу побрзо.

Масло од рицинус

Маслото од рицинус се покажа како одличен природен препарат кој го забрзува растот на влакната. Купете мало шишенце масло, ставете го на вашата брада, оставете го саат време и ќе видите каков резултат ќе добие вашата брада.

Покрај овие совети, наш најдобар совет се маслата Брадакадабра кои може да ги купите на нашата онлајн продавница Friday Shop на следниов ЛИНК

Остави коментар

Влез на сметка

Веќе постоечки корисник ?

Невалидна е-маил адреса.

6 или повеќе карактери , букви и бројки. Мора да користи најмалку 1 бројка.

Вашите информации нема да бидат споделени со трето лице.