Блог објава

Имањето и одржувањето на една модерна брада не е нималку лесна работа. Сигурно секој од вас има лоши денови одржувајки ја својата брада, но истите гледа брзо да ги одмине за да биде во тек со машката мода. Во продолжение ќе наброиме 4 проблеми со брадата и како истите да ги надминете доколку сакате да бидете дел од овој мачо ламберџек стил.

Немање доволно материјал за добра брада – немашето густа брада, односно имањето бебешко лице е проблем доколкус акате да бидете дел од оваа мачо мода. Тука нема некоја магија која инстантно ќе ви помогне, но има неколку совети кои може да ги следите. Еден начин е што почесто да бидете изложени на сонце, со што протокот на крв на вашето лице ќе стимулира отворање на порите кои може да доведат до забрзување на овој процес. Друг начин е повеќе одмор, повече спиење, затоа што и овие моменти на зголемена енергија влијаат позитивно. Како последна варијанта се и маслата за раст на брада, од кокосово па се до сите останати, кои исто можат да помогнат.

Сува кожа на лицето – ова е еден досаден проблем кој многу лесно може да ве натера скроз да се откажете од растење модерна брада. Сувото лице има проблем доколку има густа брада пред себе која ги спречува кремите, водата и сонцето да допрат до кожата. Еден начин за борење против сувата кожа е четкање на истата со полу груба четка која ќе ги чисти мртвите суви клетки од кожата и ќе овозможи побрзо регенрирање. Друг начин е и користење поскап повлажна крема која полесно се пробува низ густата брада. Се е до вашата упорност.

Брада која чеша – исто нималку наивен проблем кој важи за еден од најчесто споменуваните кај мажите. За борба против чешањето најдобро е да користите шампон за коса кој исто може да се нанесува и на брадата. Едноставен и не толку скап начин на решавање на проблемот. Друго нешто е тримување на брадата. Одлучете се за помала брада, помирете се со тоа, и чешањето ќе се намали на минимум.

Глупава брада – да и ова е проблем. Брада која не расте рамномерно, која не места е погуста, која никако не може да се среди како што сакате. Овој проблем се решава на начин да заборавите на мачо стилот со брада, или да читате Friday.mk и да ги следите трендовите на кој може да се прилагодите. Дали мала брада, дали тенка брада, па некогаш дури и несредена брада значи имање брада.

А секогаш е добро да имате добри производи за брада која може да ви помогнат во решавање на горенаведените проблеми. Затоа посетете го FridayShop и нарачајте ги колекциите за нега на брадата.

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.