Блог објава

Веќе сме во втората половина од последниот месец од годината, и сите мисли ни се усмерени кон забавите. А најбитната од нив, е онаа на 31.12.

А дали ќе славите дома, во диско, или на некој плоштад, оставаме на вас. Нашата задача е да ви помогнеме во модното комбинирање за сите можни локации за новогодишната забава. Ни текна на можни 5 локации, па доколку некоја сме заборавиле, длабоко извинување од нас.

Смокинг забава – онаа на висока нога, каде формалниот стил секогаш е најпотребен. Бираме црн смокинг, модерен рачен часовник и секако лептир машна. Доколку ви фали некој аксесоар за надополнување на овој стил, проверете го изборот на Friday Shop

Домашна забава – се што ви треба за ваков тип забава, е добра екипа, добра музика, и едноставен моден стил во кој слободно може да комбинирате маичка (супер попусти на Friday Shop) со смарт кежуал сако, и чино панталони

Прослава на плоштад – дали оној во нашата држава, или некаде надвор, најбитно за овој тип забава е добро да се облечете. Модерна јакна, шал, капа и ракавици (последните три по супер цени се достапни на Friday Shop)

Диско забава – одличен избор за помладите генерации, можности за комбинирање колку сакате. Наши фаворити се тексас и кожната јакна под капутот како дел ос супер популарниот слоевит стил, карирана кошула и фармерка.

Афтерка која води до целодневна – дали со колеги или со друштвото, афтерките станаа еден од најпопуларните начини за прослава на најлудата ноќ. За оваа прослава, наш избор е ролка, добра фризура и омилените челзи чизми (достапни со супер цени од 1960 денари на Friday Shop)

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.