Блог објава

Учете од несекојдневните големи триумфи и големи грешки на овие луѓе. Актери, уметници, спортисти, рокери и прекрасни големи умови. Ви препорачуваме да прочитате некоја од овие биографии на познатите личности.

Алекс Фергусон: Мојата автобиографија

Инспиративната приказна на, според многумина, најголемиот менаџер на сите времиња. Преглед на неговите скромни почетоци, неколкуте „мрачни години“ без титула на клупата на Јунајтед, дострелите на Генерацијата ’92 предводена од Гигс, Сколс, Невил, Бат и Бекам, потпишувањето со Кристијано Роналдо и Вејн Руни.

Купете ја книгата на следниот ЛИНК

Михаел Шумахер: Врвот на величественоста

Можете да го сакате или да го мразите – но статистиката зборува во негово име: седумкратен Ф1-шампион, рекордна 91 гран-при победа, единствен возач во историјата што во една сезона (2002) не завршил ниту една трка под третото место. Накратко: уште пред четириесеттата година од својот живот, Михаел Шумахер е една од најголемите легенди на најбрзиот спорт.

Книгата можете да ја купите на следниот ЛИНК

Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови

Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закерберг, детето гениј, го напушта Харвард за да го основа Фејсбук, гигант и социјална мрежа која го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот на сите времиња, што самиот го заработил своето богатство.

Книгата можете да ја купите на следниот ЛИНК

Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија

Своето истражување за Новак Ѓоковиќ и за Србија, Крис Бауерс го проследува со исцртување на два моќни портрета. Првиот е оној на едно навидум обично момче од скромно опкружување, кое, по запознавањето на жената која ќе го научи да игра тенис и да се справува со притисоците на животот на една суперѕвезда, се впушта во непрестајна борба за оптимално здравје и за непрестајно надминување на себеси, од година во година правејќи ја сè погорда сопствената земја. Вториот, пак, е приказната на Србија, од нејзината улога во војните од 90-тите до надежите и аспирациите на луѓето што се наследници на ова проблематично минато.

Книгата можете да купите на следниот ЛИНК

Хари биографија

Принцот Хари можеби е едно од најпрепознатливите лица во светот денес и често е во фокусот на медиумите − понекогаш кралското семејство негодува поради тоа. Досега во неговиотгоредолу краток живот тој има видено и направено повеќе различни фасцинантни и необични нешта −од основањето на негови лични хуманитарни организации, па сè до воената служба на боиштата во Авганистан и неговата прва кралска соло-турнеја. Колку и да бил привилегиран и заштитен, принцот Хари го има искусено животот.

Книгата можете да ја купите на следниот ЛИНК

Меси: Приказна за момчето што стана легенда

El Pibe de Oro. Златното момче. Сенката на Диего Марадона циси на аргентинскиот и светскиот фудбал. Десетици фудбалски ѕвезди се именувани како негови наследници. Во 2007 година, редот конечно доаѓа и до Лионел Меси. Три години подоцна, Меси- El Pulga, Болвата- е веќе шампион на Европа и носител на златен олимписки медал, добитник на Златната топка на ФИФА со рекорден број гласови, херој на милиони ширум светот, можеби природно најталентираниот фудбалер што некогаш истрчал на зелените терени…

Книгата можете да ја купите на следниот ЛИНК

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.