
Еден од најголемите проблеми со кои се среќаваат мажите денеска е губењето на косата. Според голем број на истражувања, може со сигурност да се каже дека веќе се намалува и возраста на која мажите ја губат косата, а со самото тоа ова станува се почест проблем. Кога мислиме на намалување на возраста, може да се каже дека имаме голем раст на ќелавењето кај мажи меѓу 21 и 30-тата година.
Машката ќелавост е најчестата форма на губење на коса. Сепак, никој до сега не проќелавел преку ноќ, што значи дека тоа е процес кој што трае подолг период, а самото тоа ни укажува дека може да делуваме врз него да го намалиме или пак да го спречиме.
Во деншниот свет каде што машката мода е на едно високо ниво и мас медиумите кои ја контролираат сликата на идеален маж можно е многу мажи да почнат порано да ги забележуваат знаците на губење на косата отклолу во минатите години и споредбено со постарите генерации. Продлабочувањто на залистоците е релативно нормално за мажите кои се во раните 20-ти, но заедно со ослабнување на косата на слепоочниот предел се добива изглед на *високо чело*. Ова е времето кога најголем број мажи почнуваат да се загрижуваат за овој проблем. Исто така тогаш може да се види поинтензивно опаѓање на косата при чешлање или нејзино миење.
Постојат голем број на фактори кои се сметаат дека придонесуваат за порано отпочнување на опаѓањето на косата кај мажите, а стресот меѓу нив како водечки фактор. Годините во тек на образовниот процес и работниот живот се оптеретени со промени и турбуленции, барањето работа-особено во тековната економска состојба-отселувањето од дома и финансиските потешкотии, се доволни да го зголемат нивото на стрес кај секого.
Други животни избори играат голема улога во ќелавењето кај млади мажи, како што е пушењето. Хемикалиите и канцерогените супстанци во цигарите го забавуваат растот на косата што води до ослабнување на косата и може да резултира до нејзино губење.
Нашето решение…
Станува збор за проиводите:
- Шампон против опаѓање Wella Professionals Sp Men Maxximum
- Тоник против опаѓање на коса Wella Sp Men Care Maxximum
Она што се препорачува со цел да имате најдобар ефект е да ги користите двата производа во исто време.
Шампон против опаѓање Wella Professionals Sp Men Maxximum
Совршен призвод за зајакнување на косата. Освен што ја чисти тој ја зајакнува до потребното ниво. Содржи кофеин за да го стимулира протокот на крвта низ скалпот. Подгответе ја косата за да го нанесете потоа тоникот против опаѓање Maxximum Tonic.
Тоник против опаѓање на коса Wella Sp Men Care Maxximum
Тоник против опаѓање на коса од високо квалитетниот бренд Wella SP. Овој тоник го содржи уникатниот Maxximum комплекс кој го продолжува животот на косата и ја зацврстува подобро во ткивата. Ефикасно се бори против загубата на косата преку коефинот кој го стимулира метаболизмот на скалпот.
Производите можете да ги купите на следниот ЛИНК.