Блог објава

Секојдневните проблеми започнуваат со изборот на дневниот пар на чевли. Дали денес сме спремни за блескава црна, или за all natural кафена кондура? Овој процес на одлучување знае да биде доста комплициран и тежок. На наша несреќа, не постојат некои јасни правила кои би ни го олесниле изборот помеѓу црната и кафената кондура, согласно избраниот дневен аутфит. Така да, на крај се се сведува на нашиот осет и инстикт за мода и стил. Но еве неколку предлози од Friday.mk кои може да ви се најдат:

Бојата на облеката е од голема помош – природни бои (зелена, кафена и слично) одат подобро со кафена кондура, додека по урбан и спортски стајлинг оди подобро со црно. Морнарското може да се комбинира и со кафено и со црно, зависи на која нога сте станале :). Најчесто бојата на панталоните треба да е иста со бојата на чевлите, но нели, секогаш постојат отстапки, па и контрата знае многу добро да одговара. Посетете го FridayShop за да разгледате неколку кафени модели на чевли.

Помош од останатите модни мини детали – на пример бојата на коланот најдобро е да биде иста боја како чевлите. Останатите аксесоари не мора да се софпаѓаат, иако момците запазуваат и на совпаѓањето на боите на ременчето на рачниот часовник со бојата на чевлите. Актовката исто така добро би било да е во иста или слична боја како и чевлите. Но исклучок е доколку носите торба за вежбање, која секогаш подобро одговара на црно, отколку на кафено. Проверете го големиот избор на црни модели на FridayShop.

Доста зависи и од вашето расположение – доколку сакате да изгледате по сериозно (стил на опасен дечко) црната кондура е правилниот избор. Доколку одите на соло искачанка, црната боја повторно е ваш фаворит. Кафената кондура повеќе ја одбираат момци во сеиозни врски или оние кои имаат договорено состанок со девојка.

На крај краева, како што кажавме на почеток, не постојат конкретни правила. Се е сведено на вашиот моден инстикт и на вашето расположение. Што и да одберете нема да погрешите, но и нашите совети може да ви се најдат!

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.