
Поголемиот дел од машката популација се двоумат како правилно да го носат шалот, додека некои пак дека ова парче облека е феминизирано. Меѓутоа, носењето шал не е тешко и спротивно од претходното мислење, шаловите претставуваат моден машки аксесоар и нималку не се феминизирани.
Зошто треба да носите шал?
Шалот претставува моден хит во машката гардероба со години наназад, кој главно има заштитна функција. Покрај тоа што може да биде ефективен моден детал, неговата главна функција е заштита на машкиот врат од студ.
Шаловите претставуваат силен елемент за секој стил, особено ако сакате да внесете свежина во вашиот аутфит. Меѓутоа, почитувајте ги правилата за комплетен изглед и никогаш не се натпреварувајте едни со други со цел да се покажете пред вашите девојки.
Видови на шалови
Големина
Големината на шалот треба да биде од 15 до 35 cm, а должината 127 до 228 cm. Димензиите на еден просечен шал се 25,4 cm ширина и 177 cm должина.
Материјали
Шаловите се во главно направени од волна, кашмир, памук, лен, свила или пак комбинација од овие материјали. При избор на зимски шал, најдобри се волнените или пак шаловите од кашмир, бидејќи многу е важно да одберете шал кој ќе ве заштити од студот.