Блог објава

Уживањето во пурите е еден момент кој треба да го знае секој џентлмен.

Ритуал

Пушењето на пурите претставува вистински ритуал. Тоа треба да се прави со вистинско задоволство.

Одбирање на цигарата

Ако сте почетник, повлекувањето на првиот дим може да биде застрашувачки, но постојат неколку едноставни правила. Ако уште од самиот почеток одите со големи и полни пури, вие можеби никогаш повеќе нема да сакате да пробате повторно. Започнете со robusto што важи за лесна пура и идеална за почеток. Како што ќе станувате поискусен, вие ќе сакате да преминете на појаки пури како што е Cohiba или Romeo y Julieta, односно пури со поголем прстен кои нудат поголемо задоволство.

Сечење и палење

Правилното сечење на пурата е од исклучителна важност за потполно уживање. За да не направите грешка, бидете сигурни дека располагате со правилен квалитетен секач на пури и пресечете ја пурата на 3-4 милиметри од капачето. Големо влијание при правилното конзумирање на пурите имаат и запалките. Затоа кога за прв пат на себе ќе си подарите еден ваков подарок заедно со пурата обезбедете си и соодветна запалка. Не заборавајте дека пурите не се исто како и цигарите.

Научете се да уживате

Дадете си време за уживање во пурата. Страсните љубители на пури велат дека најдобро се ужива во пурата доколку ја конзумирате бавно и го надополните целосното доживување со чаша квалитетно виски.

Во нашата категорија за пури може да пронајдете висококвалитетни аксесоари кои ќе ви го направат важето уживање уште подобро!

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.