Блог објава

Првата и единствена онлајн продавнца за мажи во Македонија, Fridayshop.mk, ви нуди еден краток водич за тоа како да купувате паметно преку интернет. 

Она што го имаме забележано во последно време, а особено не радува е фактот дека луѓето во Македонија се повеќе се одлучуваат да купуваат преку интернет, а причината за тоа се предностите кои ги има шопингот од вашиот кревет 🙂 Многу важно е тоа што се може да направите од својот дом, нема гужви, нема расфрлани работи и секако нема губење време.

Нашиот тим е голем фан на онлајн купувањето и не сме љубители во пробување на работите низ продавниците, па баш поради тоа се одлучивме и да ја стартуваме првата онлајн продавницата за оние мажи кои делат исто мислење како нас.

Постојат некои трикови кои ние ги користиме во онлајн купувањето. Голем дел од мажите не можат да си ги дозволат сите работи кои ќе ги посакаат.

Секоја година и секоја сезона си имаат свои модни трендови. Затоа секогаш кога има попусти или пак сакате да одите во шопинг, гледајте да ги купувате работите кои што се во тренд и кои ви се допаѓаат. Во овие работи понекогаш не вреди да се расфрлате со пари, бидејќи некои трендови може нема да постојат наредната година и брзо да поминат. Затоа ве советуваме да прошетате низ нашата понуда на маички кои што се фраерски, а сепак по пристапни цени. Погледнете ја на следниот ЛИНК!

Маичките важат за основно модно парче кое треба да го има секој маж во својот гардеробер. Нив може да ги комбинирате со вашата омилена фармерка или со другите парчиња од гардероберот.

Сепак, не секогаш можеме да купуваме нешто што е по пониска цена. Ако нешто видите и го мислите подолго време, купете го и не се размислувајте, бидејќи има некои машки предмети и аксесоари кои што се безвременски и се секогаш во тренд. Тука мислиме на часовници, накит, челви и сл.

Еден од најголемите стравови кои се појавуваат кај луѓето кога станува збор за онлајн купувањето е тоа дали големината ќе биде во ред. Сепак, и тој проблем е решлив, бидејќи секој купен производ може да се врати и може да се направи замена. Затоа ве советуваме дека при онлајн купувањето немојте да се плашите и да згрешите.

Еве колку чекори кои треба да ги знаете при онлајн купувањето:

Регистрација на онлајн продавницата

Како секоја онлајн продавница, така и нашата има каталог со производи. Кога ќе кликнете на одреден производ вие ќе ги дознаете деталите за него, неговата цена и спецификацијата. Ако ви се допаѓа тој производ, го ставате во кошничката. Секоја сериозна онлајн продавница бара од вас да се регисрирате доколку сакате и тоа е еден сигурен процес.

Плаќање со картичка

Кога купувате онлајн со картичка, мора да го внесете самиот број на картичката, месецот и годината на важење и трите пројки кои се наоѓаат на задниот дел од неа (CVV или CVC број). Така функционираат сите онлајн продавници во светот.

Сигурност при плаќање

Сите банки денеска имаат свој ситес кој овозможува сигурност пли плаќањето преку интернет.

Проверете ги условите за купување

Сте го нарачале производот и не сте го добиле сеуште. Затоа, секогаш пред да купувате кај нас или пак на било која онлајн страница, прочитајте ги ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ. Информирајте се за сите работи, па ако треба и јавете се телефонски кај онлајн трговецот да прашате за се што не ви е јасно.

Пријавите те се да добивате Newsletter

Пријавете се на нашата онлајн продавница да добивате Newsletterбидејќи така ќе ви пристигнуваат сите новости кои што се случуваат на нашата страница. Сите светски онлајн продавници испраќаат е-маил пораки како Newsletter.

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.