Блог објава

Договечност, класа и софистицираност. Сите зборови кои се поврзуваат со фините работи во животот, но за елегантен часовник, тоа се исто така клучни предуслови. Најдобриот моден додаток кој еден џентлмен може да го има и кој ќе ве следи низ сите важни прилики во животот, свадба, јавен говор, интервјуа, втора свадба… ?

Елегантниот часовник е измислен да ви одговара на вашиот рачно изработен костум по мерка и класични чевли. Сепак, изборот на пазарот е голем, па затоа ние денеска ќе ви претставиме 10 елегантни часовници за сечиј буџет кои можете да ги најдете и на првата онлајн продавница за мажи во Македонија, Fridayshop.mk

CALVIN KLEIN CITY

Неверојатен и импресивен машки часовник кој е еден од најпознатите и набраните модели од овој бренд. Со куќиште од нерѓосувачки челик, додека бројчаникот е во сребрена боја. Меѓу другите, овој часовник вклучува и функција за датум. Во однос на водоотпорноста, тој може да издржи до длабочина од 30 метри.

Купи на следниот ЛИНК

CALVIN KLEIN CLASSIC

Станува збор за посебен и функционален часовник со куќиште од нерѓосувачки челик и сребрен бројчаник кој го прави овој часовник елегантен за секоја прилика. Водоотпорен е до 30 метри, но сепак не е препорачливо да нуркате со него.

 Купи на следниот ЛИНК

CALVIN KLEIN DELUXE

Елегантен машки часовник со одлични детали и на внатрешниот и надворешниот дел и е совршен избор за бизнис приликите и оние за уживање.

CALVIN KLEIN STEADFAST

Импресивен машки часовник од светскиот бренд Calvin Klein. Материјалот на куќиштето е од нерѓосувачки челик, а бојата на бројчаникот е црна што го прави овој часовник елегантен и минималистички.

Купи на следниот ЛИНК

CALVIN KLEIN TONE

Елегантен и едноставен машки часовник кој се карактеризира со куќиште од нерѓосувачки челик. Сребрениот бројчаник е тоа што го прави одличен за повеќе прилики од бинзис сотаноци до излегување со пријателите.

Купи на следниот ЛИНК
Longines Master Collection

Longines е бренд на часовници кој произведува елегантни часовници уште од самиот почеток. Денеска, Master Collection е одлична илустрација на оваа карактеристика на брендот. Овој модел ги носи со себе класичната елеганција и квалитетот.

Купи на следниот ЛИНК

SWATCH SISTEM SOUL

SWATCH ја надополнува својата колекција на автоматик часовници со нови, елегантни модели кои се произведени со највиско ниво на прецизност и швајцарски квалитет и кои нудат премиум вредност по достапна цена. Тоа што ја издвојува колекцијата SISTEM51 IRONY е употребата на метал. Преку SISTEM51 IRONY, со употреба на високи перформанси и цврсти метали, SWATCH ја пренесува револуционерната  визија за софистициран дизајн на нивните автоматик часовници.

Купи на следниот ЛИНК

SWATCH TIC-BROWN

Swatch е првиот тенок пластичен часовник составен од само 51 компонента (до тогаш часовниците се состоеле од 91 компонента или повеќе). Swatch го спои врвниот квалитет со пристапните цени. За прв пат излезе во продажба во 1983. Од тоа време па се до денес е еден од најуспешните производители на часовници.
Купи на следниот ЛИНК

Tissot Tradition

Семејството на Tissot Tradition ни носи ултра модерни часовници со класични детали и суптилни завршници кои потсетуваат на безвременскиот стил. Класични машки часовници кои секогаш ќе бидат во тренд.

Купи на следниот ЛИНК

Tissot Ballade

Станува збор за Tissot Ballade Powermatic 80. Ballade моделот е варијација на Powermatic 80, кој нуди сертифициран хронометарски механизам. Екстремно погоден часовник за носење кој може да се најде по нормална цена и се со убави движења на работното тело. Совршен механизам преточен во елеганција.

Купи на следниот ЛИНК

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.