Најдобрите летни часовници кои можете да ги имате по цена од 4,000 до 9,000 денари
- June 21, 2018
- Maks
Секоја сезона се карактеризира со одредени машки производи кои може да се носат само тогаш. Тоа важи за гардеробата, аксесоарите, чевлите, па речиси и за часовниците. Да, баш поради тоа денеска на пазарот може да се најдат различни видови на часовници, од различна боја, до различни материјали на куќиште и ремче.
Знаеме дека летото е годишен период каде што може да си дозволиме да си поиграме со боите во нашиот стил. Затоа можеме да си дозволиме часовник кој има впечатливи бои и кој може да го носиме за секојдневна употреба, а плус одлично ќе ни се вклопи во стилот.
Поради тоа што сме веќе лето, и на поголемиот дел од нас ни е важно да заминеме некаде на некоја плажа, можеби не размислувате баш да инвестирате во часовник, но ние имаме неколку одлични предлози за вас, а сепак нема да треба да потрошите многу пари. Погледнете неколку предлози на модели на часовници од брендот Swatch по цена од 4,000 па се до 9,000 денари.
Часовник кој се карактеризира со светло кафено кожно ремче и куќиште од нерѓосувачки челик. Бројчаникот се карактеризира со бронзена боја, што во комбинација со ремчето, дава одличен летен часовник.
Цената на овој часовник е 7,200 денари, а можете да го купите и кај нас на следниот ЛИНК
Овој часовник од брендот Swatch нуди едно поинакво расположение. Дизајнран за да биде забележан и за да ги расположи срцето и главата. Куќиштето на овој часовник е направено од нерѓосувачки челик со темно син бројчаник.
Цената на овој часовник е 6,900 денари, а можете да го купите кај нас на следниот ЛИНК
I Big Standard; 2016 Winter; 359
Swatch Dorsoduro важи за прекрасен едноставен часовник од колекцијата Irony Big Classic. Куќиштето е направено од нерѓосувачки челик, додека бројчаникот е во црна боја. Карактеристиките на часовникот вклучуваат мерење на датумот.
Цената на овој часовник е 6,600 денари, а можете да го купите на следниот ЛИНК
Доказ за тоа дека сивата боја одлично стои на еден часовник е SWATCH GREYBOLINO моделот. Овој часовник се карактеризира мулти-обоени елементи за движење поставени во матирана темно сива пластично куќиште. Ремчето се карактеризира исто така со темно мат сива боја.
Часовник со стилски дизајн и тренди ремче. SWATCH NON SLIP моделот се издвојува од другите со мат црн бројчаник, сини стрелки и црвени бројки.
Станува збор за часовник со куќиште од нерќосувачки челик и сиво гумено ремче. Белиот бројчаник со осветлените позлатени стрелки му даваат на часовникот доза на елеганција. Ова е аналоген часовник со кварцно движење и стакло од плексиглас кристал.
Swatch Sweet Sailor важи за привлечен унисекс часовник од колекцијата Irony Chrono. Куќиштето е направено од нерѓосувачки челик, додека бројчаникот е во сина боја. Карактеристиките на часовникот вклучуваат (меѓу другите) хронограф и датум функција.
Цената на часовникот е 8,000 денари, а може да го купите на следниот ЛИНК
Swatch Mystery Life е одличен унисекс часовник. Материјалот на куќиштето е пластика/смола. Карактеристиките на часовникот вклучуваат (меѓу другите) функција за датум.
Цената на часовникот е 4,700 денари, а можете да го купите на следниот ЛИНК
New Gent; 2013 Winter; 133