
Денеска повторно ќе одвоиме време за часовниците и ќе ви покажеме дека сината боја е најголемиот тренд ова лето. Сината боја често ја поврзуваме со топлиот период од годината, но се тоа не е случајност, бидејќи таа не поцетува на морските длабочини, плажа и чистото небо.
Веќе сме длабоко навлезени во летото, што значи дека е време за сината боја. Не само кај гардеробата, сината боја совршено се вклопува и кај часовницте. За да ви го докажеме тоа, денеска одбравме 5 модели на часовници кои на себе ја имаат сина боја.
Calvin Klein City
Пефектен машки часовник со куќиште од нерѓосувачки челик и темно син бројчаник што го прави овој часовник впечатлив. Повеќе за него можете да видите на следниот ЛИНК
Swatch Blau Me On
Едноставен часовник кој што се карактеризира со гумено сино ремче и куќиште од нерѓосувачки челик и три мали сини бројчаници на него. Повеќе за него можете да видите на следниот ЛИНК
Swatch Dirigent
Овој часовник од брендот Swatch нуди едно поинакво расположение. Дизајнран за да биде забележан и за да ги расположи срцето и главата. Куќиштето на овој часовник е направено од нерѓосувачки челик со темно син бројчаник. Повеќе за него можете да видите на следниот ЛИНК
Swatch Sweet Sailor
Swatch Sweet Sailor важи за привлечен унисекс часовник од колекцијата Irony Chrono. Куќиштето е направено од нерѓосувачки челик, додека бројчаникот е во сина боја. Повеќе за него можете да видите на следниот ЛИНК
Tissot Chrono XL
Колекцијата Tissot Chrono XL нуди повеќе стилови. Од 1853 до денешен ден, Tissot конкурентно ги изненадува и воодушевува купувачите со иновативните производи. Неуморен пионерски дух ја предводи компанијата уште од нејзините почетоци во малиот швајцарски град Le Locle. Повеќе за овој часовник можете да видите на следниот ЛИНК