Блог објава

Добро знаеме дека мажите се зависни од рачни часовници. Но, со растот на продажбата на мобилните, некако како да спадна еуфоријата кон рачниот часовник. Затоа ние сме тука за да ве потсетиме зошто секој прав господин, со осет за добар стил, мора да носи рачен часовник. Се на се, имаме 5 јасни причини за тоа –

  1. Беспрекорна точност –  рачните часовници се тие што ве водат низ денот, а не смартфоните. Честопати ќе слушнете како некој вели дека не му треба рачен часовник затоа што си има телефон со истата намена. Тоа не е точно, затоа што телефонот не го носите насекаде (се надеваме) како на пример на плажа, во кино, на скијање и слично. А да не збориме дека пофраерски е да гледате колку е саат на рачниот часовник, а не на мобилниот.
  2. И функционалност – се што е користено од војската е корисно. Така и рачниот часовник. Затоа може да видиме како алпинистите, нуркачите, астронaутите, пилотите….сите носат рачни часовници адаптирани на нивните потреби. Не постои професија на која не и треба фунционален рачен часовник.
  3. Тие се едноставни – најфраерските рачни часовници не трчаат по најновите измислици на технологијата. Тие се едноставни, модерни и ја вршат основната функција. А знаете дека минимализмот е се по популарен во светот на модата.
  4. Сигнализираат дека имате осет за стил – се што треба да направите е да ја прашате најблиската женска особа до вас, што е попривлечно – маж со рачен часовник или маж без рачен часовник. Одговорот веќе го знаете!
  5. Традиција и историја – изработката на часовници од секогаш потсетувала на точност, прецизност и одговорност. Носењето на рачен часовник прави да бидете еден чекор пред другите. Секогаш ќе биде попрегледно само да погледнете кон вашиот зглоб, него да го вадите вашиот смартфон од актовката или џебот.

Затоа, посетете го Friday Shop, и одберете нов рачен часовник. Сега е полесно, имате 5 јасни причини, имате и повод со празнициве. Заштедата може да оди на рачен часовник, или пак тоа нека биде подарок за вас од некој близок.

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.