
Кога ќе дојде летото често имаме проблеми со одбирање на модни парчиња за поформалните прилики. Ако треба да бидете поформално облечени на работа, а мачно ви е да ги носите кошулите и сакоата, поло маицата и еднобојните панталони се совршени за тоа. Поло маицата важи за едно од најкласичните модни парчиња во машкиот моден свет.
Можете да ја носите со кратки панталони, под јакна кога температурите се пониски или пок под костум или блејзер. За обичен кежуал опуштен ден можете да ја носите со патики, а за состанок на работа или со некоја девојка можете да ја искомбинирате со панталони и некои летни мокасини, бродарици.
Поло маицата е одговор на сите ваши прашања, а ние денеска ви претставуваме еден предлог од брендот Armani Exchange кој можете да го купите онлајн на следниот ЛИНК