Description
ПланУМ приказна е креативен интерактивен планер за ученици од основно и средно училиште, збогатен со внимателно избрани и дизајнирани вежби и техники кои се базираат врз методологијата за личен развој и техники од позитивната детска психологија. Низ конципиран процес на планирање и освестување на личните афинитети и квалитети, младиот ПланУМец се развива во одговорна, свесна и отворена личност.
ПланУМ приказна обработува различни теми од интерес за најмладите и ги поттикнува и родителите и децата да зборуваат отворено за детските желби, потреби, планови, стравови и дилеми. Преку забавни игри, задачи и предизвици, ПланУМ приказнаовозможува децата да си ги развиваат интелигенцијата и талентите, да ги продлабочат своите размислувања, да работат на остварување на своите интереси, желби и соништа, како и да усвојат многу нови теми и прашања со кои ќе се среќаваат во текот на својот развој.
Reviews
There are no reviews yet.