Description
Своето истражување за Новак Ѓоковиќ и за Србија, Крис Бауерс го проследува со исцртување на два моќни портрета. Првиот е оној на едно навидум обично момче од скромно опкружување, кое, по запознавањето на жената која ќе го научи да игра тенис и да се справува со притисоците на животот на една суперѕвезда, се впушта во непрестајна борба за оптимално здравје и за непрестајно надминување на себеси, од година во година правејќи ја сè погорда сопствената земја. Вториот, пак, е приказната на Србија, од нејзината улога во војните од 90-тите до надежите и аспирациите на луѓето што се наследници на ова проблематично минато. Комбинирајќи ги двете претстави, книгата се заокружува со ставовите на Ѓоковиќ врзани со неговото сфаќање за сопствената татковина и нејзината репутација – споделени токму со авторот на оваа впечатливо дело.
Reviews
There are no reviews yet.