Блог објава

Нашиот тим денеска се дружеше со Валентин Петрески или пак на јавноста познат како Тиноски. Познат по уникатните рачно цртани порцелански шолји, чајници, чинии и други персонализирани подароци.

Колку време постои Тиноски и како започна целата приказна?

Веќе три години се раскажува приказната за Тиноски. Се почна од шолја за себе, па за најблиските и стигнуваме до креативни дизајнерски решенија за многу намени, но пред се, главен печат се разбира е персонализирањето на сите изработки.

Според досегашното искуство, дали мажите купуваат подароци за жените?

Познато е дека жените се економскиот двигател, нели!? J Но, среќни сме што има момчиња кои се вистински џентлмени и сакаат да подарат нешто поразлично и уникатно за своите девојки. Многу љубовни шолји и персонализирани подароци од Тиноски до сега се направени, така што дефинитивно може да кажеме дека момчињата се емотивни и посветени на своите девојки само што јавно тоа не сакаат да биде истакнато. А во тоа нема ништо погрешно, се разбира.

Како се роди идејата за колекцијата за шољи за џентлмени?

Предизвик се нови работи. Некако машките се “дискриминирани” кога станува збор за изборот на модни додатоци и специјализирани производи. Ни се допадна предлогот на сајтот и го прифативме предизвикот да направиме посебна машка колекција. Секоја шолја е со своја приказна која го отсликува секојдневието на момчињата. Ги споивме трендот и пораката која машкиот свет сака да ја пренесе.

Што највеќе сакаат да купуваат од Тиноски?

Ако треба да направиме мала статистика, сепак шолјите се најбараниот производ од едноставна причина, станува збор за практичен подарок кој секој ден ќе се користи. Тоа навистина не радува.

Дали може во иднина да очекуваме и нови производи наменети за мажите?

Колекцијата за џентлмени е само почеток на оваа “машка” приказна. Ќе следуваат нови фраерски производи кои кај нас недостасуваат. Важно е момчињата да се пронајдат во нашата приказна а сигурни сме дека ќе биде така.

Благодарност до Валентин за ова интервју, а вие изберете ја вашата омилена од најновата колекција на следниот ЛИНК!

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.