Блог објава

Компанија креирана во местото Le Locle во Швајцарија, дело на Charles-Félicien Tissot и неговиот син, Charles-Émile Tissot, во 1853. Tissot денес важи за еден од најпознатите и најмодерни рачни часовници, дел од групацијата – The Swatch Group.

Овој супер бренд е препознатлив по одлични рачни часовници, кои по својата модерна современост и луксуз може да се носат со големите брендови од типот на Omega и Longines. Иако во друштво на големите, Tissot часовниците важат за бренд кој е достапен до средната класа, по нормални цени. Friday Shop може да се пофали како еден супер соработник на компанијата Божиновски која е директен дистрибутер на овој бренд во Македонија. Дел од часовниците кои се достапни на Friday Shop ги има во продолжение, а за целата листа проверете на следниот линк. Дефитивно Tissot рачен часовник е одличен предлог новогодишен подарок за вашите најблиски.

На кратко за историјата на Tissot, кој ги претставува своите први џебни часовници во далечната 53та година, и истите на доста лесен начин ги продава пред се во Русија, се до 1958 година. Овој Швајцарски бренд бил препознатлив и по многу новитети, од првиот џебен часовник со две зони, првите часовници креирани од пластика, како и од камен, и тоа во далечните години пред 1960та.

Денес, овој бренд е распространет низ 160 земји од светот, познат по своите присуства на спортските терени како еден од водечките луксузни часовници носени од спортисти. Една од нивните најнови соработки, е онаа со НБА лигата.

За крај, уживајте во оваа видео, на тема креирање на еден Tissot рачен часовник од самиот старт па се до финалната верзија.

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.