Блог објава

Се започнува сосема случајно. Од неколку изгледани видеа на ју тјуб од изработка на абажури и други видови на светилки до создавањето на приказната, Vrchkovski – Native Materials.

“Јас сум уметник и имам потреба да некако да се произнесам, некако креативноста мора да излезе од мене. Откако направив неколку видов дека ми е интересно и дека ме исполнува таа работа, по што продолжив  со поголемо темпо и временски и со набавка на потребните алати и машини.“ – изјави Врчковски, основачот на Vrchkovski – Native Materials.

Самата идеја и концепт е работа со природни материјали. На почетокот беше само дрво, но потоа се прошири и на метал и други материјали. Вака накратко е приказната за раѓањето на Vrchkovski – Native Materials.

Врчковски е човек кој е вистински уметник. Самата негова работа бара огромна креативност и инспирација. Кога станува збор за инспирацијата, тој ја наоѓа од природата и секојдневното живеење. Од нашите потреби и имплементирање на природата во домот.

“За изработка на производите се користат природни материјали  дрво, метал, бамбус, коноп, лен…“

Vrchkovski – Native Materials на почетокот започнал само со ламби, но сега се изработуваат и други светлечки тела, и други предмети од делот на домашното уредување.

Она што е особено карактеристично кај Vrchkovski – Native Materials е рачната изработка на сите производи. Таа се разликува од машинското или сериоското производство по многу работи. Иако се користат машини во процесот на производството, сепак постои фактот дека се е склопено со раце, се е уникатно и има свои недостатоци кои ја карактеризираат рачната работа. Секое парче е уметничко дело на кое е посветено внимание и вештини од страна на уметникот.

 

 

“Околу идејата и македонците…сметам дека не сме уште на соодветно ниво околу уметноста, а посебно рачната работа како стил и правец и нејзината специфичност и тежина. Но задоволен сум што полека работите одат во нагорна линија“ – изјава на Врчковски.

Vrchkovski – Native Materials се развива со брзо темпо, па плановите и сега и за во иднина се проширување на работата со нови производи и идеи и нивна промоција и пласман надвор од границите на Македонија.

Производите на Vrchkovski – Native Materials можете да ги купите онлајн и кај нас нас на следниот ЛИНК

Login Account

Already a Rubnio Customer?

Invaild email address.

6 or more characters, letters and numbers. Must contain at least one number.

Your information will nerver be shared with any third party.